Контролна група
Група на луѓе кои не примаат вакцина или лекарство што се тестира. Наместо тоа, тие може да се лекуваат со вообичаена интервенција (лекови, вакцина или лекување), плацебо или воопшто да не се лекуваат. Целта на тестирањето е да се спореди што се случува во секоја група. Резултатите мора да бидат доволно различни за да се докаже дека разликата не се појавила случајно.
Плацебо е фиктивен третман, како на пример, таблета со шеќер, која изгледа како вистинската таблета.Рековалесцентна плазма
Плазмата е течниот дел од крвта. Се зема од лице после инфекција. Течноста содржи антитела против микробите. Понекогаш, оваа плазма може да им се даде на други лица за да се спречи тие да се разбол
КОВАКС механизам
Меѓународно партнерство кое има за цел да го подржува развојот и испораката на вакцини против COVID-19 подеднакво низ целиот свет.
Делтоид
Мускул во горниот дел на раката каде што се става вакцина.
Доза
Количина на лекарство што се зема.
Грешка при давање на доза
Кога лекарствата се даваат во погрешни количини, во погрешно време или на погрешно лице.
Делотворност
Колку добро делува вакцината во текот на истражување.
Ефикасност
Колку добро делува вакцината во вистинскиот живот.
Отстранување на инфекција
Нула случаи на инфекција во одредна географска област (т.е. земја). На пример: мали сипаници во Австралија.
Епидемија
Широка распространетост или брз пораст на заразна болест во една заедница во одредено време. Повеќе случаи од вообичаено.