Искоренување/истребување
Нула случаи на бактеријата во целиот свет. На пример: големи сипаници.
Имунитет на стадо
Кога повеќето лица во една заедница имаат заштита против инфекција. Високиот степен на заштита и отежнува на микробот да се пренесува од едно лице на друго. Ова може успешно да го спречи ширењето на болеста во заедницата.
Имунолошки одговор
Имунолошки одговор е начинот на кој вашето тело препознава и се брани од бактерии , вируси и супстанци кои се туѓи и штетни.
Имунолошки систем
Систем на организмот за откривање и убивање на микроби за да не заштити од инфекции и болести. Вклучува создавање на антитела кои се движат во крвта, ги препознаваат и напаѓаат туѓите супстанци како што се бактериите и вирусите и се прикачуваат на нив. Му дава сигнал на телото да се ослободи од туѓите супстанци.
Имунитет
Способност да избегнете да заболите од болест или да избегнете да добиете инфекција кога сте изложени на некој микроб. Вашиот организам го гради овој имунитет со тоа што се изложува на микорбите или со вакцинирање. Вашиот имунолошки систем има “меморија” – тој може да памти микроби на кои бил претходно изложен и знае како да ги напаѓа.
Имунизација
Постапка за стекнување на имунитет на некоја инфекција, обично преку вакцинирање.
Инактивирана вакцина
Вакцина која се прави од микроб кој е “мртов”. Микоробот се “убива” со топлина или хемикалии. Кога овој “мртов” микроб се вшприцува во телото, тој му помага на вашиот имунолошки систем да научи како да го најде микробот, без да бидете изложени на ризик од заболување.
Липиди
Липид е маснотија која се користи при создавање на заштитен меур околу мРНА во мРНА вакцините. мРНА е вид на мала молекула. Таа е многу слаба и брзо се распаѓа во организмот ако не е заштитен. Откако мРНА молекулата ќе влезе во клетката, таа се распаѓа во неа.
Гласник рибонуклеинска киселина (мРНА)
Вид на мала молекула која вашите клетки ја користат како упатство да создаваат протеин. мРНА им кажува на вашите клетки како да состават посебен протеин користејќи ги градежните блокови (наречени аминокиселини). Во вашето тело имате многу милиони на мРНА молекули во секое време – сите тие се користат за создавање на протеини.
Морбидност
Болест која се јавува како последица на одредена инфекција или состојба.