Антиген
Странски (надворешни) супстанци како што се бактерии, вируси или паразити кои предизвикуваат инфекција и болест ако влезат во телото. Имунолошкиот систем ги открива и создава антитела за да се борат против нив.
Австралиски регистер за имунизација
Електронски регистер кој содржи податоци за сите вакцини кои им се дадени на сите Австралијци.
Австралиска технолошка советодавна група за имунизација (ATAGI)
Група на експерти кои и помагаат на владата при донесување на одлуки за користење на вакцини во Австралија.
Додавање (Додатна инјекција)
Дополнителна вакцина после првата, која се дава да го подобри имунитетот или да се осигура дека имунитетот трае подолго.
Клиничко испитување
Вид на истражување. Лицата добиваат нова вакцина или се наоѓаат во контролната група. Лицата во контролната група може да примат различна вакцина или плацебо која е едноставна супстанца и која нема никакво влијание на телото. Лицата кои учествуваат во клиничкото испитување обично не знаат во која група се наоѓаат. Научниците ги тестираат безбедноста и придобивките од новата вакцина.
Комбинирана вакцина
При комбинираните вакцини , две или повеќе вакцини може да се даваат индивидуално и заедно во една инјекција.
Рековалесцентна плазма
Плазмата е течниот дел од крвта. Се зема од лице после инфекција. Течноста содржи антитела против микробите. Понекогаш, оваа плазма може да им се даде на други лица за да се спречи тие да се разбол
КОВАКС механизам
Меѓународно партнерство кое има за цел да го подржува развојот и испораката на вакцини против COVID-19 подеднакво низ целиот свет.
Грешка при давање на доза
Кога лекарствата се даваат во погрешни количини, во погрешно време или на погрешно лице.
Отстранување на инфекција
Нула случаи на инфекција во одредна географска област (т.е. земја). На пример: мали сипаници во Австралија.