Адјувант
Адјувант е состојка која се користи во некои вакцини. Таа им помага на нашите тела да го засилат имуниот одговор. Адјувантот работи заедно со другите елементи од вакцината. Тие се користат во некои вакцини повеќе од 70 години.
Несакана последица (реакција)
Секоја неочекувана или сериозна последица која се јавува после вакцинирање или примање на лекарство. Нешто што не се очекуваше да се случи.
Несакана последица после вакцинирање (AEFIs)
Неочекувана последица која се јавува после вакцинирање. Вакцината можеби не го предизвикува проблемот.
Советодавна комисија за вакцини (ACV)
Група на експерти кои нудат медицински и научни совети. Оваа група зборува со Министерот за здравство на Австралиската влада и со Администрацијата за терапевтски производи (TGA). Тие даваат совети за работи во врска безбедноста и користењето на вакцини.
Анафилакса
Брза и сериозна алергиска реакција. Тоа може да биде реакција на храна или лекарство. Симптомите може да вклучуваат отежнато дишење, губење на свеста и намалување на крвниот притисок. На лицето му е потребна итна медицинска помош и понекогаш тој/таа може да почине.
Антиген
Странски (надворешни) супстанци како што се бактерии, вируси или паразити кои предизвикуваат инфекција и болест ако влезат во телото. Имунолошкиот систем ги открива и создава антитела за да се борат против нив.
Поврзување
Врска меѓу настан кој се случува истовремено со друг настан. Фактот дека тие се јавуваат заедно не е доказ дека едниот настан бил предизвикан од другиот.
Несимптоматичен
Лице кое нема знаци на инфекција.
Вакцина со ослабен вирус
Живите вакцини користат помалку силен (или ослабен) микроб кој предизвикува болест. Овие вакцини се како природните инфекции кои тие помагаат да се спречат. Тие создаваат силен и долготраен имунолошки одговор.
Австралиски регистер за имунизација
Електронски регистер кој содржи податоци за сите вакцини кои им се дадени на сите Австралијци.