Синдром “Тромбоза со тромбоцитопенија”
Новоопишана сериозна состојба. Во мозокот или некои други делови од телото на некое лице се јавуваат невообичаени згрутчувања на крвта. Исто така се поврзува со низок број на крвни плочки.
Пренесување
Способност на вирус да се пренесе од едно лице на друго.
Вакцинирање
Давање на вакцина за да му се помогне на имунолошкиот систем да изгради заштита против одредена болест. Вообичаените термини кои се користат се ‘shot’, ‘jab’, ‘needle’ и ‘inoculation’.
Вакцина
Вид на лекарство кое му помага на имунолошкиот систем да се бори против одредени микроби и да се спречува болест. Вакцините обично се даваат пред лицето да биде изложено на микробот. Секоја вакцина го поттикнува имунолошкиот систем да с
Вакцина кандидат
Нова вакцина која се уште се тестира и нема добиено дозвола за употреба.
Двоумење за вакцина
Кога некој не е сигурен за некоја вакцина и одолжува или одбива да ја прими вакцината која е на располагање.
Варијација (мутација)
Многу мали промени во генетските информации во вирусот. Тие може да се јават кога вирусот се размножува или прави копии од себе.
Шишенце
Мал сад во кој се чува лекарство.
Ширење на вирус
Кога вирусот кој е создаден во вашето тело ќе започне да се раширува во вашата околина. Во тој момент, тој може да се рашири или пренесе на други луѓе.
Вакцина со вирусен вектор
Содржи модицифирана верзија на вирус различен од оној што предизвикува COVID-19. Во внатрешноста на модифицираниот вирус има материјал од вирусот што предизвикува COVID-19. Ова се нарекува “вирусен вектор”. Откако вирусниот вектор ќе влезе во нашите клетки, генетскиот материјал им дава упатства на клетките да создаваат протеин кој е карактеристичен за вирусот што предизвикува COVID-19. Користејќи ги овие упатства, нашите клетки прават копии од протеинот. Тоа ги поттикнува нашите тела да создаваат Т-лимфоцити и Б-лимфоцити кои ќе запамтетат како да се борат против овој вирус ако се инфицираме од него во иднина.